петок, 4. декември 2020. Вести денес: 134
home Скопје

Трајковски: Општина Гази Баба под раководството на Георгиевски стана пример за кршење на законите во Република Македонија

Трајковски: Општина Гази Баба под раководството на Георгиевски стана пример за кршење на законите во Република Македонија

Општина Гази Баба под раководството на Борче Георгиевски стана пример за кршење на Законите во Република Македонија, обвинува Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Градоначалникот на Општина Гази Баба спротивно на Законот за Локална самоуправа и Деловникот за работа на Советот на Општина Гази Баба свикува седница на Советот на Општина Гази Баба иако истиот од страна на претседателот на Советот е известен дека 16-тата седница на Советот ќе се одржи на 15 ноември, седница на која на дневен ред ќе се разгледуваат детални урбанистички планови и други точки од интерес на граѓаните на Општина Гази Баба. Со потпишувањето на ова решение за свикување на седница на Советот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски врши злоупотреба на службената должност и овластување, вели тој.

Трајковски обвинува дека Борче Георгиевски продолжува да ја третира Општина Гази Баба како негова приватна сопственост.

-Дополнително, Градоначалникот Борис Георгиевски потврдува дека во Општина Гази Баба владее тотален хаос односно во одговор на советничко прашање во кое не информираше дека не знае што се гради на локација која е предмет на еден од двата урбанистички планови и дека за истата градба не се водела постапка пред Секторот за урбанизам на Општината за добивање на дозвола за градење, иако самиот како градоначалник е должен согласно Закон да знае што се гради на таа локација. За злоупотребата на службената положба од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со свикување на незаконска седница на Советот на Општина Гази Баба, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија ќе поднесе соодветна пријава и како Советници нема да дозволиме ова кршење на Законите во Општина Гази Баба да продолжи. Доколку Борче Георгиевски не е способен да ја води Општината бараме да си поднесе оставка и Општината да функционира и да работи согласно барањата и потребите на граѓаните. Одговорност мора да има, и ќе има!  Тоа им го должиме на граѓаните на Општина Гази Баба, порача тој.

Коронавирус