четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: Власта преку Шилегов сака да го уништи СРЦ Треска

Трајановски: Власта преку Шилегов сака да го уништи СРЦ Треска

Поранешниот грдаоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски денес гостуваше во „Утрински Брифинг“ при што говореше за состојбата на СРЦ Треска и другите неисполнети ветувања на Петре Шилегов.

-Вистината е многу јасна, меѓутоа Петре Шилегов секогаш сака да ја префрли топката на некој друг, т.е. на мене или на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа треба да се потсетиме дека Петре Шилегов пред почетокот на кампањата за локалните избори 2017-тата година отиде на езерото Треска, таму се сликаше со сите негови соработници или советници што требаше да бидат во Градот Скопје и во кое што многу јасно и чисто кажа дека ако го добие мандатот од граѓаните на Градот Скопје ќе го ревалитизира езерото Треска. И дека после 20 години, не знам колку, езерото Треска повторно ќе биде ставено во функција. Тогаш тој ги знаеше состојбите и под кои и чии ингеренции е, и каква е состојбата со СРЦ Треска, меѓутоа ги излажа граѓаните дека тој ќе го ревалитизира езерото Треска, рече Трајановски.

Тој додаде дека Шилегов својата вина почна да ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ, во смисол на тоа дека 2011 Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста од Градот Скопје на Општина Сарај за СРЦ Треска.

-Тоа не е точно, нека го извади Шилегов тој документ, нека ја извади таа одлука и нека ја покаже јавно на граѓаните кога со одлука Советот на Град Скопје ја предал надлежноста на СРЦ Треска од Град Скопје на Општина Сарај. Нешто кога ќе ветиш треба да оствариш, или ако не оствариш, тогаш треба да се извиниш и треба да кажеш кои се причините поради кои што тоа не може да се оствари“, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека не може така Шилегов да се однесува. Не може Шилегов да не сака да разговара ниту со камперите, тоа е срамота. Како тоа без разговор и консултација Шилегов оди со булдожери и руши кампови.

-Езерото Треска оваа влада го пренамени од земјоделско во градежно земјиште. Тоа јасно зборува дека таму сака да се направи некоја градежна експанзија. Тоа таму да не биде веќе СРЦ Треска, туку таму да има многу објекти односно хотели, индивидуални куќи“, појасни Трајановски.

„Денес се наоѓаме во забавниот парк во Скопје, т.е. познат меѓу граѓаните како Луна парк, и може да се види во каква состојба се наоѓа по четири години негова неработа. Јас можам да кажам што ние сме направиле т.е. јас кога бев градоначалник на Градот Скопје значи ние направивме проект, односно направивме партнерно уредување на забавниот парк и тоа може д се види. А, исто така набавивме седум справи кои што три се адреналински, детски справи“, рече Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за „Утрински Брифинг“.

Трајановски додаде дека тие справи се набавени уште во 2017-тата година, кои што за жал можеби лежат во некои магацини и уште најстрашно можеби се плаќа лежарина за нив.

„Од не знам какви причини Шилегов го стопира или го ставил во фиока овој проект иако неколку години тој го буџетирал буџетот на Градот Скопје, може да видите дека има и во 2020-та, имате и во 2021 година. Па Шилегов предвидуваше некој нов концепт бидејќи не му се допаѓал овој концепт, ама ти тоа не може така да правиш на веќе направен проект, проект кој што е готов, проект кој што требаше во 2018 година да биде ставен во функција со овие седум справи. Овие седум справи во цена на набавка влегуваше да се донесат тие справи, да се направи фундаментот затоа што се многу големи тие фундаменти т.е. постољето, да бидат монтирани, и да бидат пуштени во употреба. Јас ви гарантирам дека со сигурност дека овие справи можеше 2018-тата година да проработат“, нагласи Трајановски.

„Универзалната сала е уште една неконзистентност во тврдењата на Шилегов, да не речам лажење на јавноста. Секогаш за било кој проект е претходно направен тој не е добар проект, треба да се прават нови проекти, да се почне се од почеток според Шилегов. Како да Скопје почнува да функционира откако Шилегов е на власт во Градот Скопје, т.е. е градоначалник на Градот Скопје“, појасни Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ при своето јавување на „Утрински Брифинг“.

Трајановски додаде дека проектот за Универзална сала беше направен 2017-тата година уште во мај/јуни и тогаш бидејќи се уште беше тој градоначалник отишол кај Алаѓозовски кој што беше веќе министер за култура. Му го однел проектот и му кажал на Алаѓозовски дека проектот за Универзална сала може само тој да го реализира бидејќи тој бил во тоа време министер за култура. Но Алаѓозовски ништо од тоа не стори.

-Во секој случај на граѓаните на Градот Скопје им се ускрати можноста да имаат Универзална сала“, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека се изгубија три години, а проектот остана во фиока како многуте други проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Тие проекти никогаш не се реализираа бидејќи беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не ги направи за доброто на граѓаните.

ЕУРО 2020

Македонија