сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Трајановски: Шилегов секој проект или мал чекор бебешки го најавува нешто како помпезно, или револуција

Трајановски: Шилегов  секој проект или мал чекор бебешки го најавува нешто како помпезно, или револуција

„Од аспект на која гледна точка се гледа и многу е лесно, но и многу е тешко да бидете опозиција на градоначалник од калибарот на Петре Шилегов. Зошто? Кога е во прашање неговата суета и начин на изразување и комуникација тогаш е навистина лесно, за тоа што неговиот праг на толеранција е многу низок, секогаш кога аргументирано ќе го искритикувате тој што се обидува да го направи или веќе го прави, тој секогаш влегува во лични пресметки, со инсинуации и лични навреди. Во блиска иднина ќе ви доставиме стенограми од седниците при што ќе имате увид вие медиуми, а и секако граѓаните на Скопје, да видите градоначалникот на Скопје каков вординг или вокабулар има. Неговите изразувања и епитети кои што ги споделува односно ги именува моите советници и лично мене се секогаш интересни за слухот на јавноста, а и мислам дека треба да се дознае како тој зборува и навредува“, рече Александар Трајановски, советник во Град Скопје во гостување во радио „Лидер“

Трајановски додаде дека секој проект или мал чекор бебешки се најавува нешто како помпезно, или некоја револуција во промени, реформи на функционирање на градот, а всушност во праксата тоа воопшто не е така.

„Именувањето на улиците е еден голем удар за градот и за граѓаните, особено во ова тешко време. Сметам дека таа одлука е лицемерна од аспект на пандемијата, кризата која што владее во нашата држава. Зошто? Во време кога сакате да се прикажете како градски татко на сите и да им ги олесните давачките и на граѓаните и на правните лица на ниво на град Скопје тој менува имиња на улици“, појасни Трајановски.

Трајановски посочи дека проблемот не настанува за менување на имиња на пет улици, туку листата е енормна на улици кои што треба да им се смени името. Станува збор за нешто околу 500 улици.

Коронавирус