сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 4
home Скопје

Трајановски потсетува што сработи тој во првите 100 дена од неговиот мандат

Трајановски потсетува што сработи тој во првите 100 дена од неговиот мандат

За работа, проекти и за оној кој е посветен кон својата функција 100 дена се повеќе од доволен период да се направат дела значајни за граѓани, порачува екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Тој се обрати до јавноста на истиот ден кога актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ направи пресек за своите први 100 дена во кои нема ниту еден значаен проект за граѓаните.

Моите први сто дена, од првиот мандат јас направив:

– асфалтиран булеварот Гоце Делчев од МТВ до Скопски саем
-Процедури за проширување и доградба на булеварот Србија
-Се заврши идејниот проект и програма за реализација за проширување на булеварот Теодосиј Гологанов
-Се заврши проектот за градба на булеварот Македонска војска.
-Се изработи проект за улица Благоја Стефковски.
-Почна подготовка на јавна набавка на проект за спојување на бул. Христијан Тодоровски Карпош со обиколницата.
– Се почна постапката за реализирање на жичарницата на Водно
– Започна со изградба на пешачки патеки од двете страни на Вардар.
– се почна изградба на главниот фекален колектор од Инџиково до Вардар за потребите на 40.000 жители
– нов лик на градскиот парк

За тоа што тој го направи за 100 дена може да видите на веб страната на Град Скопје или на следниов линк.

Коронавирус