четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Скопје

Трајановски: Петре, граѓаните на Драчево се паметни немој да ги потценуваш, знаат дека само им мачкаш очи пред избори

Трајановски: Петре, граѓаните на Драчево се паметни немој да ги потценуваш, знаат дека само им мачкаш очи пред избори

Петре добро утро,помина денот тоест мандатот, веќе е зајдисонце и крај на мандатот.

На неколку месеци пред избори панично започнуваш проекти кои ќе се градат повеќе години и треба да ги плаќа идниот градоначалник а тоа нема да бидеш ти.
Сето ова го правиш само за да ја смениш сликата за себе од неработник сакаш со неколку сликање,две три изјави и разни ПР трикови да станеш работник.Започнуваш проекти без решени имотно-правни односи,го започнуваш булеварот “Борис Трајковски” од Пинтија до Драчево сега само затоа што сакаш да добиеш некој поен пред избори кај жителите на тој дел од Скопје.

Петре, граѓаните на Драчево се паметни немој да ги потценуваш,знаат дека само им мачкаш очи пред избори.

– цел мандат чуваше готов проект во фиока,зошто?!

– Во буџетот за 2021 год. Овој булевар го немаше планирано,но под притисок на јавноста и желбата за победа макар и со лага, го стави со измена програмата за 2021г.

-со нерешени имотно-правни односи ќе биде чекор напред,чекор назад или ќе тапкаш во место уште долго време,требаше тоа да го сработиш за овие четири години мандат.

И за крај Петре,за да народот те препознава како работник сака секој ден да си присутен на терен и помеѓу луѓето,сака работа,сака голем труд и време посветено на проектите.
Пред камери и фотоапарати не се станува работник на два/три месеца пред избори.

Фејсбук статус на Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус