петок, 14. декември 2018. Вести денес: 82
home Скопје

Трајановски: Не сум планирал, а уште помалку сум започнал било какви подготовки за реализација на Зип лајн проектот

Трајановски: Не сум планирал, а уште помалку сум започнал било какви подготовки за реализација на Зип лајн проектот

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски на својот Фејсбук профил се огласи за Зип лајн проектот.

-Деновиве во јавноста, неколку медиуми пишуваат за Зип лајн проектот на Град Скопје, наведувајки дека истиот проект сум го планирал и јас. Сакам да ја информирам јавноста дека во ниеден момент ниту во мојата програма ниту како градоначалник не сум планирал, а уште помалку сум започнал било какви подготовки за реализација на истиот, напиша Трајановски.