сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Скопје

Трајановски: Големо е задоволството кога ќе се заврши проект што си го започнал

Трајановски: Големо е задоволството кога ќе се заврши проект што си го започнал

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, за завршувањето на реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“ во Карпош се огласи на социјалните мрежи.

-Големо е задоволството кога ќе се заврши нешто што си го започнал, а кое претставува благодет за скопјани. Пред скоро еден месец заврши реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди во Карпош, започнат кога јас бев градоначалник. Станува збор за реконструкција на коловозот на булеварот на потегот од раскрсницата со улицата Франклин Рузвелт ( Симпо) до раскрсницата со булеварот 8-ми Септември. Со оваа реконструкција беше опфатен потег во должина од 900 метри, за што беа инвестирани 30 милиони денари, напиша Трајановски.

Коронавирус