вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 108
Во живо

Изјава на Мицкоски и Сарамандов од Гевгелија

home Скопје

Трагедијата во Тетово не го запали алармот: Лисиче ќе добие амбуланта направена од исти материјали?! (ГАЛЕРИЈА)

Трагедијата во Тетово не го запали алармот: Лисиче ќе добие амбуланта направена од исти материјали?! (ГАЛЕРИЈА)

Огромната трагедија во тетовската модуларна болница изгледа не донесе “памет во глава“ кај надлежните. На ужасен начин згаснаа 14 животи, починаа лица на местото каде дојдоа за да оздрават. Болницата изгоре во страшен пожар, кој ја проголта за неколку минути.

Додека јавноста станува сведок дека за таа трагедија никој нема да одговара и кабелот ќе биде единствениот виновник, Министерството за здравство продолжува да покажува негрижа која утре може да чини нови човечки животи.

Несреќата го отвори прашањето дали се безбедни модуларните болници и материјалите со кои тие се изградени? Очевидци потврдија дека болницата изгорела до темел за само 3 минути, што значи дека станува збор за лесно запалив материјал за градба.

Од кобниот ден беа запрени сите градежни активности на трите модуларни амбуланти во Скопје. Тие треба да се постават на местото на старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче. По трагедијата во Тетово, работата остана во место бидејќи се очекуваше да боиде докажано дека со материјалот со кој се градат не се безбедни.

Стручни лица предупредуваат дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници!

Од тоа што КУРИР денес го затекна на терен, се гледа дека трагедијата не освестила никого и дека на надлежните им е поважна политиката отколку се останато.

Се монтира амбулантата во населба Лисиче. На местото на старата амбуланта која беше срушена, СДСМ вети нова амбуланта. Уште пред четири години, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Златко Марин, градењето на амбулантата го вети на лисичани, па сепак ги излажа и за роковите и за градбата. Им вети дека градбата ќе почне во 2018-та, а всушност во 2021-ва почна поставување на монтажни делови од лош материјал.

Денес на терен изгледа вака: Амбулантата во Лисиче се монтира од материјал чие спомнување јавува страв кај граѓаните.  Материјал кој брзо гори и кој во нас ги враќа сликите од ужасот во тетовската болница.

КУРИР беше на терен. Ви пренесуваме како изгледаат материјалите од кои се монтира амбулантата.

 

 

 

 

Локални избори 2021