недела, 22. мај 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Тимови на Град Скопје на терен со проценка на состојбата со заборавените населби

Тимови на Град Скопје на терен со проценка на состојбата со заборавените населби

Тимови од Градот составени од претставници кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните и претставници од јавните претпријатија во надлежност на Градот, почнаа со проценка на состојбата со заборавените населби во градот и изготвување на акциски план за спроведување на проекти за овие населби. Тимовите кои дејствуваат за брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, ги почнаа теренските активности за процена на состојбата со заборавените населби, преку средби со граѓани, претставници од месните и урбани заедници во општините во Градот Скопје.

Денеска градоначалничката на Град Скопје со еден од теренските тимови ја посети Општина Ѓорче Петров и заедно со градоначалникот Александар Стојкоски разговараше со претставници на месните и урбаните заедници. Тимовите составени од претставници на јавните претпријатија и секторите при Градот преземаа дел од податоците неопходни за теренската проценка. По завршување на теренската работа, се преземаат активности за креирање на листа на проекти неопходни за надминување на предизвиците со кои се соочени граѓаните, со акциски план за спроведување на истите. Најголемиот број на жители во оваа општина истакнаа проблеми со водоводната мрежа, инфраструктурата на улиците, потребата од соодветна светлосна сигнализација, уредување на кејот на Вардар и слично.

Градоначалничката на Град Скопје ги започна средбите со месните и со урбаните заедници минатиот месец во Општина Гази Баба, каде што сите претставници имаа можност детално да ги образложат предизвиците со кои се соочуваат жителите на оваа општина.

Коронавирус