вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 94
home Скопје

Темелковски: Граѓаните чии станови изгореа ќе бидат обештетени поради пожарот

Темелковски: Граѓаните чии станови изгореа ќе бидат обештетени поради пожарот

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски денеска дојде пред зградата во која избувна пожар.

Тој им рече на граѓаните дека општината има посебен фонд за ваков вид несреќни случаи и дека од тој фонд, ако аплицираат, ќе добијат финансиска помош за барем делумно да ја надоместат штетата.

Општината ќе го почека извештајот од МВР и Советот на Кисела Вода да одобри ослободување на средства за надомест на штетата.

Првично, според командирот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски, пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација.

Станува збор за стара зграда во близина на Расадник.