четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Скопје

Талески: Во отсуство на проекти и идеи, СДСМ и Саша Богдановиќ, ја реконструираат „Орце Николов“ по втор пат

Талески: Во отсуство на проекти и идеи, СДСМ и Саша Богдановиќ, ја реконструираат „Орце Николов“ по втор пат

Во отсуство на проекти и идеи, СДСМ и Саша Богдановиќ, реконструираат една иста улица по втор пат, посочува Мартин Талески од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

-Оваа улица позади мене е „Орце Николов“ која пред 6 години, во 2015-та година беше реконструирана од Андреј Жерновски. Тогаш беа потрошени илјадници евра. А, сега Саша Богдановиќ ќе потроши милион евра. Тоа е безмилосно трошење на парите на центарци. А, центарци нема да добијат никаков бенефит. Туку паркинг местата од 180 ќе се намалат на 80, истакна Талески.

Коронавирус