четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Стопирана изградбата на зграда пред Мајчин дом, забраната важи 15 дена

Стопирана изградбата на зграда пред Мајчин дом, забраната важи 15 дена

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, денеска на прес-конференција информира дека е стопирана изградбата на зградата пред Мајчин дом поради неправилности во градилиштето.

Забраната важи 15 дена.

Тој информира дека инспекторот денеска излегол на терен и направил записник и го изготвил решението.

-Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин.

Тој изрази надеж дека во најбрз можен рок ќе се дојде до решение со инвеститорот.

Најави дека в петок е закажана вонредна седица на Советот на општина Аеродром и ги повика претставниците на граѓанските здруженија и сите засегнати граѓани да присуствуваат и да бидат дел од процесот на барање решение. (МИА)