среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Скопје

Стојкоски вети низа проекти за Ѓорче Петров: Мојот фокус, како и секогаш, ќе биде здравјето на сите луѓе

Стојкоски вети низа проекти за Ѓорче Петров: Мојот фокус, како и секогаш, ќе биде здравјето на сите луѓе

Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Ѓорче Петров, вечерва се обрати пред своите сограѓани и соседи.

Истакна дека е силно мотивиран да работи за сите луѓе, без притоа да се води сметка за нивниот политички ангажман и за нивната партиска припадност. Силно е мотивиран да го вклучи сиот човечки потенцијал, интелектуален потенцијал на секој граѓанин од Ѓорче Петров во развивањето на општината.

Стојкоски посочи дека Ѓорче Петров заслужува да биде модерна и урбана општина со решени основни проблеми. Ѓорче Петров треба да биде општина пример за другите.

Стојкоски рече дека во наредните четири години тој и неговиот тим ќе го сменат ликот на општината Ѓорче Петров.

„Сакам да направиме општина во која што ќе има функционален систем, во која што нема да има потреба да се бараат врски за уписи во детски градинки, нема да треба да се бараат врски за уписи училишта или да мора да имате врски за да добиете основен документ од општината. Не може повеќе така и мора под итно да се промени. Мојот фокус како и секогаш ќе биде здравјето на сите луѓе, преку заштита и развој на животна средина и преку промоција на многу нови проекти за подобрување на јавното здравје во општина Ѓорче Петров. Ќе предвидиме развој и реставрација на над 20.000 м2 површина нови паркови низ целата општина, ветувам и нов централен парк кој ќе биде најубав во целиот град. Доста е од високи згради и окупирани тротоари, време е за паркови“, порача Стојкоски

Стојкоски посочи дека спортот ќе доживее ренесанса во општината Ѓорче Петров. Стојкоски вети нови трим патеки, две трки, реализирање на спортски центар во Хром, нови тениски терени.

Локални избори 2021