понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Скопје

Стојкоски: Образованието е главен столб на едно општество и е силен стожер во изборната програма

Стојкоски: Образованието е главен столб на едно општество и е силен стожер во изборната програма

Најголемата инвестиција која човек може да ја направи е да инвестира во своето и образованието на своите деца, порачува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Како Ваш иден Градоначалник сметам дека во процесот на едукација треба да вложиме многу за да создадеме личности кои што ќе бидат независни, компетентни, способни сами да се носат со сите предизвици на животот. Изборната кампања ја започнувам токму од местото каде што започнав со моето образование, ООУ Страшо Пинџур во населбата Даме Груев, место за кое ме врзуваат најубавите спомени и најискрените пријателства, им порача тој на граѓаните од оваа скопска општина.

Стојкоски посочи дека негова цел е да се создаде нова иднина.

-Образованието е главен столб на едно општество и е силен стожер во изборната програма, која што јас лично или некој од мојот тим ќе ја достави до Вас во наредниот период. Да создадеме нова иднина, истакна тој во своето видео обраќање.

Локални избори 2021