среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Скопје

Стојкоски ги повика жителите на Ѓорче Петров да гласаат за над 200-те проекти кои се опфатени во неговата програма

Стојкоски ги повика жителите на Ѓорче Петров да гласаат за над 200-те проекти кои се опфатени во неговата програма

Само неколку дена не делат од локалните избори, поминавме одлична и позитивна кампања, секој ден се среќаваме и ќе продолжиме да се среќаваме со жителите на Ѓорче Петров, нашата цел е програмата да допре до секој еден жител и да можат да ги погледнат преку над 200-те проекти кои се опфатени во нашата програма, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општината Ѓорче Петров.

-Оваа кампања ја поминавме на терен меѓу граѓаните и од таму ја црпиме нашата енергија и идеи и од таму ќе произлезат и решенијата кои ќе значат подобра иднина за Ѓорче Петров со многу нови промени и многу нови проекти и нова иднина за Ѓорче Петров, вели Стојкоски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на 17 октомври и да ја дадат поддршката за него како негов иден градоначалник и за Ленче Нелоска како носител на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Локални избори 2021