петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 59
home Скопје

Стојкоски: Да се обединиме и да гласаме за Данела, таа е најдоброто за градот

Стојкоски: Да се обединиме и да гласаме за Данела, таа е најдоброто за градот

Ѓорчепетровци и скопјани, Знаете дека застанувам само зад луѓе во кои верувам, за кои сметам дека заслужуваат поддршка поради нивната искреност и чесност. Една од нив е Данела, наша сограѓанка, која може да направи огромни промени во нашиот град, бидејќи тие се неопходни. Затоа и Ви се обраќам, бидејќи ова е шанса од Скопје да направиме метропола, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој напиша дека сака да се обединиме и да гласаме за Данела со заокружување на 82 на гласачкото ливче, бидејќи сме за чист воздух, сакаме нови булевари, Скопје без сообраќаен хаос, културен живот со многу културни настани.

– Но и затоа што Данела вети дека ќе има бесплатен јавен превоз во градот, Град Скопје ќе биде отворен за сите, ќе се пробијат и нови мостови кои ќе го олеснат и патувањето за нас, ѓорчепетровци. Ја барам вашата поддршка и затоа што со глас за Данела и заокружување на 82 ќе допридонесеме за градоначалник кој ќе помогне во реализација на нашиот проект „Ѓорче без кал“ кој таа го поддржа. Уредувањето на кејот на Лепенец е висок приоритет за неа, исто како и за нас! Ќе добиеме и ново поврзување на Ѓорче со Скопје, преку кое ќе се намалат гужвите при нашите патувања. Еден од поважните мои проекти, зад кој застана и Данела е ветувањето дека повеќе нема да има заборавени населени места, ниту од страна на Град Скопје, пишува Стојкоски.

– За ѓорчепетровци, Данела се обврза и на: изградба на спортски комплекс со трим и вело патеки, субвенции за енергетски фасади, фотоволтаични панели, инвертер клими, детски катчиња на кејот на Лепенец, максимална помош за решавање на дивите депонии и многу други проекти. Ми значи да се обединиме за Скопје. Данела е најдоброто за градот, додава градоначалникот на Ѓорче Петров во својата објава.

Најнови вести

Коронавирус