среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Скопје

Стојаноски: Кристално чиста победа на Силјановска со 2.264 гласови разлика во Ѓорче Петров

Стојаноски: Кристално чиста победа на Силјановска со 2.264 гласови разлика во Ѓорче Петров

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на својот статус на Фејсбук објави бројки кој говорат за убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во општината Ѓорче Петров.

-Почитувани граѓани на Ѓорче Петров, покажавте зошто нашата општина има репутација на една од најпатриотските во Република Македонија.
Покажавте дека сте големи патриоти на кои нивната држава им е пред се.
Ова е една голема победа врз лажните флоскули, суровиот притисок и голите лаги.
Вие докажавте дека во Вас и Вашите срца Република Македонија е пожива од кога било претходно. Излеговте и ја одбравте страната на разумот на сите места каде што не поминуваше поткупот и разните притисоци на власта.
Само за пример, ВМРО и Гордана Силјановска – Давкова убедливо победија во населените места:

-Волково и Кисела Јабука 859 гласови разлика;
-Даме Груев 735 гласови разлика;
-Мирче Ацев 510 гласови разлика;
-Ѓорче Петров 273 гласови разлика;
-Ново Село 203 гласови разлика;
-Хром 41 глас разлика;
-Орман 36 гласови разлика;
-Кучково 20 гласови разлика
и во секогаш гордиот Дексион освоивме 1026 гласови.

Се на се:
-ВМРО – ДПМНЕ и Гордана Силјановска – Давкова 10.881 гласови;

-СДСМ и Стево Пендаровски 8.617 гласови,

кристално чиста победа со 2.264 гласови разлика.
Со ова станува извесно дека ВМРО – ДПМНЕ е сигурен победник на наредните парламентарни избори.

Почитувани, се трудевме да го посетиме секој еден од Вас, да поразговараме, да се соочиме со нашите грешки и да Ви ги објасниме нашите идеи и визии. Овој резултат за нас е голем мотив ама уште поголема обврска, ќе бидеме рамо до рамо со Вас во сите предизвици и никогаш нема да Ве изневериме.
Тргнавме по патот на правото и правдата и враќање назад нема.

Да живее патриотско и верно Ѓорче Петров.
Да живее горда и достоинствена, стамена и пркосна Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.