четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 89
home Скопје

Стоилковски: Портпаролот на Шилегов кажува лаги и небулози

Стоилковски: Портпаролот на Шилегов кажува лаги и небулози

Го читам портпаролот на Шилегов, напишал колумна, па не можам да останам нем пред лагите и небулозите.

Како скопјанец би сакал трубадурот на Шилегов сега да пишува за подземната под Стара Железничка. Да го фотографира Зиплајнот. Веднаш потоа да ја фали поврзаноста на Скопје со тунелот под Кале. Бидејќи тоа беа ветувањата.

Но наместо тоа, мандатот замина во бутања партиски војници во секоја пора на градските ЈП, на тендери за глупости, дрвја испосекоа, бетонизацијата не само што не ја сопреа туку и ја нагласија, клупи од “егзотични” дрвја за 500 евра плаќаа…

Па за тоа ли потпишуваше Шилегов дека нема да се сечат дрвореди и паркови? Прошетал ли портпаролот по Илинденска, низ Карпош, низ Аеродром, Кисела Вода, да види “бетонизација”?

Ги видел ли трите пресови и предизборни настапи на Шилегов во Сарај? Ги слушнал ли, сега веќе лагите на Шилегов од таму? Биле ли заедно на платформите на Матка? И можеби “најзагонетното” се реши ли проблемот кој тоа дозволи да се сече дрворед и да никне бетонско чудо кај ТЦ Мавровка, за дури под силен притисок на јавноста да се сруши, за на крај да излезе сопственикот со низа документи кои упатуваат и се силна индиција за криминогеност?

Што мисли трубадурот на Шилегов, дека шурувањето со криминалот и дивоградбите е градење на меѓуетнички капацитет и доверба?

Фактите се јасни: со Скопје владее криминогеност, владее законот на “посилниот” наместо на правдата, владее дивеење, самоволност, насилие. Владее лагата, владее 4 години невложување денар во образованието, владее поскапување на паркинг, владее хаос по пазарите, владее хаос во јавниот сообраќај, владее лагата.

Да не притиснеше опозицијата, јас лично да не стоев на пресови пред Дрисла, ќе продолжеше онаа “масовна егзекуција” од горење отрови, дури и сега не признаваат дека “смрди корне”!

Човеку, една автобуска станица во ГТЦ отворавте со журки, за потоа да се затвори станицата!?

Најжално сепак е што најмалите ги остави без Луна Парк. А со веќе набавени реквизити. Децата, сите деца, тоа ги радува, тоа ги спојува, тоа е нивната заедничка мултиплицирана радост и можност да се на едно место збрани сите заедно. Така се гради соживот, ако не знае трубадурот, не со политичка агенда за взаемно премижување на криминал.

Па што е тоа што “мултиетнички” го поврза Скопје, а за кое во фараонски стил трубадурот сака да си го пофали Фараонот Шилегов? Кој е тој проект што ги подобри условите за сите, за оние кон коишто, за жал, цели да се обрати? Зарем не ги видел анкетите, каде поддршката токму кон таа целна група кон којашто се обидува да се обрати, е падната на 0,1%?

И нека не го споменува “Зелен покрив” како проект затоа што е симбол само за едно- за тепих под кој се обидува да се сокрие сметот!

Веројатно и самиот ги знае овие работи, веројатно затоа е и негова задача, а не на Никса Братучедот на Шеќеринска. Нему му е дадена оваа задача во “фараонски манир” да ги брани

Пирамидите од нерешените проблеми заради Фараонот Шилегов.

Фејсбук статус на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Локални избори 2021