четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 182
home Скопје

Стефковски: Се решава проблемот со водоснабдување на Раштак

Стефковски: Се решава проблемот со водоснабдување на Раштак

Денес бев во посета на населеното место Раштак каде што завршија градежните работи и направената бушотина е поврзана со бунарите од кои населеното место добива вода. Поставена е и потопна пумпа од докажано квалитетен европски производител и истата е спуштена на 60 метри, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Завршија и градежните работи во кои се изгради нова водоводна линија од 350 метри.

Дополнително по скоро пет години повторно е ставена во функција пречистителната станица.

Изведувач на градежните работи е ЈКП Гази Баба.

Имајќи предвид дека е потребно да се обезбедат и нови капацитети на вода со ребалансот на буџетот обезбедивме нови средства за изградба на нова бушотина и нови пумпи.

Се интензивираат работите за решавање на водоснабдувањето на Раштак, а во следниот период ќе започнат градежните работи за подобрување на водоснабдувањето и на Брњарци.

Кога се работи со план и визија нема проблем за кој нема решение. Заедно со граѓаните продолжуваме да ја менуваме Гази Баба на подобро“ – истакна тој.

Коронавирус