четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 77
home Скопје

Стефковски се откажува од службеното возило и од средствата наменети за репрезентација

Стефковски се откажува од службеното возило и од средствата наменети за репрезентација

Новиот градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски нема да користи службен автомобил, а се откажува и од средствата во буџетот наменети за репрезентација.

-Ја информирам јавноста дека како Градоначалник на Општина Гази Баба се откажувам од користење на службено возило и истото го давам на користење на администрацијата со цел поефективно вршење на работите во интерес и за граѓаните на Општина Гази Баба, информираше преку својата Фејсбук страница новиот градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Истовремено се откажувам и од трошење на средствата во буџетот наменети за репрезентација. Парите во буџетот се на граѓаните и истите треба да се трошат единствено за реализација на проекти за подобрување на животот на граѓаните, пишува Стефковски во неговата објава.

Коронавирус