четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Скопје

Стефковски по преземањето на функцијата градоначалник: Гази Баба ќе биде модерна, инфраструктурно развиена, општина гордост на Скопје

Стефковски по преземањето на функцијата градоначалник: Гази Баба ќе биде модерна, инфраструктурно развиена, општина гордост на Скопје

Денес и официјално ја преземав функцијата градоначалник на Општина Гази Баба. Сакам да ги информирам граѓаните дека општина Гази Баба ќе биде модерна, инфраструктурно развиена, општина гордост на градот Скопје, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна новиот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Ги повикувам граѓаните да се обединиме и заедно да ја градиме Општина Гази Баба. Промените ќе ги почувствуваме многу брзо, промени кои што ќе значат подобар, поквалитетен и подостоинствен за секој граѓанин на општина Гази Баба, истакна Стефковски.

Коронавирус