четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 175
home Скопје

Стефковски: Нејасно е како за 103 дена се потрошени 11 милиони денари

Стефковски: Нејасно е како за 103 дена се потрошени 11 милиони денари

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека нејасно е како за 103 дена се потрошени 11 милиони денари од страна на претходниот градоначалник во општината.

-Почитувани граѓани,

Денес во јавноста е отворена темата околу трошењето на средства од буџетот на општина Гази Баба по однос на улично осветлување во која и јас како градоначалник сум повикан да се произнесам. Вистината е следна:

Точно е дека општина Гази Баба на 19.05.2021 година имала склучено два договори за оддржување на уличното осветлување и еден договор за изградба на нови линии во висина од 11.000.000 денари.

Точно е дека економскиот оператор со кој општината ги имала склучено договорите на 30.08.2021 година, 103 дена по склучување на истите доставил известување дека средствата во висина од 11.000.000 денари по сите три склучени договори се реализирани.

Нејасно е како за само 103 дена се потрошени 11.000.000 денари, за таа цел на 05.01.2022 година формирав комисија која ќе спроведе теренска ревизија, односно ќе направи споредба на фактичката состојба на терен и работите фактурирани до општината. Постапката е во тек и веднаш по добивањето на извештајот истиот ќе го ставам на увид на јавноста.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината бидејќи парите во буџетот на општината се пари на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус