петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Скопје

Стефковски направи контрола за подготвеноста на фирмите за справувањето со предизвиците кои ги носи зимскиот период

Стефковски направи контрола за подготвеноста на фирмите за справувањето со предизвиците кои ги носи зимскиот период

Денес 02.12.2021 година (четврток) градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски направи посета на фирмите кои имаат договор со општина Гази Баба за зимско оддржување, со цел да ја утврди подготвеноста на фирмите за справување со предизвиците кои следуваат во зимскиот период.

За посетата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

“Денес направив посета на фирмите кои имаат склучени договори за зимско оддржување на територија на општина Гази Баба.

Посетата беше со цел да направиме контрола за подготвеноста на фирмите за справувањето со предизвиците кои ги носи зимскиот период.

Добив уверување дека фирмите се подготвени за зимското оддржување и дека ќе има навремена реакција на терен.”

Коронавирус