понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 39
home Скопје

Стефковски: На самоволието и безвластието во Гази Баба им нема крај- во општината владее анархија, а надлежните на чело со Георгиевски не превземаат ништо

Стефковски: На самоволието и безвластието во Гази Баба им нема крај- во општината владее анархија, а надлежните на чело со Георгиевски не превземаат ништо

На самоволието и безвластието во Општина Гази Баба им нема крај. Во општината владее анархија, а надлежните локални власти на чело со Борче Георгиевски не превземаат ништо, изјави Боби Стефковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Се наоѓаме во заштитениот појас на парк шумата Гази Баба, а како што може да видите позади нас е направена огромна дива депонија. Жителите од овој регион уште пред повеќе од 15 дена реагираа за носење на шут и извршување на градежни работи на оваа локација која се наоѓа во зелен појас и заштитена зона.
Но и покрај тоа депонијата не е расчистена и земјиштето не е вратено во првобитната положба.

Оттука јавно го прашуваме Борче Георгиевски :

– дали е дозволиво во централно градско подрачје, заштитена зона на парк шумата Гази Баба да има ваква депонија или паркинг простор за товарни возила ?

– дали е точно и дали е вистина дека виновникот за оваа депонија претходно добил усна дозвола од локалните власти и во каква конекција е Георгиевски со истиот ?

– дали непревземањето на конкретни активности се должи на тесно партиски и бизниз интереси ?, рече Стефковски и додаде:

„Граѓаните заслужуваат одговор на овие прашања. Доколку во најкус можен рок не се превземат конкретни активности и не се расчисти оваа депонија, ќе повикаме на мирен граѓански протест. Најверојатно така ќе предизвикаме внимание кај градските и локалните власти и ќе ги разбудиме од зимскиот сон во кој се наоѓаат и конечно ќе го послушаат гласот на народот“.