недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Културно-историското наследство во Гази Баба пропаѓа (ФОТО)

Стефковски: Културно-историското наследство во Гази Баба пропаѓа (ФОТО)

Културно-историското наследство во Гази Баба пропаѓа!, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Тажен пример на загрозеност на културното наследство во нашата општина е турбето во кое се наоѓаат посмртните останки на познатата личност од 16 век, научник поет и кадија, Ашик Челеби познат како Гази Баба.
Нема патокази по кои граѓаните би се упатувале до турбето, објектот е оштетен и обраснат во трева, не постои влезна врата иако пред 8 години е инвестирано. Во вакви услови се наоѓа вечното почивалиште на личноста по кого нашата општина се именува.
Јавно го прашуваме Борис Георгиевски и надлежните институции дали овој споменик на културата заслужува да биде запуштен и постепено уништуван?
Граѓаните на Гази Баба заслужуваат развоен културен живот како што доликува на модерна општина!

ЕУРО 2020

Македонија