среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 150
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

Стефковски испрати 250 ученици на летен камп

Стефковски испрати 250 ученици на летен камп

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска ги испрати учениците од основните училишта од општина Гази Баба на училишен летен камп.

Општина Гази Баба оваа година за прв пат го субвенционира организирањето на летниот камп со што општината покрива дел од трошокот за учество на учениците во кампот.

-Утрово имав чест да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на учениците од основните училишта на територија на општина Гази Баба. За прв пат оваа година, општина Гази Баба ги субвенционира учениците кои преку основните училишта се пријавиле за учесници на летниот камп. На летниот камп ќе учествуваат 250 ученици од 11те основни училишта. Овој проект се реализира во соработка со општинскиот сојуз на училишен спорт на општина Гази Баба. Оваа мерка е уште една во низата нови мерки кои ги реализираме со цел поддршка и мотивирање на најмладите жители на општина Гази Баба, напиша Стефковски.

Покрај субвенционирањето на летниот камп, општина Гази Баба оваа година за прв пат додели и еднократна парична помош за сите првоодделенчиња како и награда за учениците на генерација.

Коронавирус