петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 125
home Скопје

Стефковски: Гази Баба се гради и менува, ова е само почеток

Стефковски: Гази Баба се гради и менува, ова е само почеток

Утрово направив увид во градежните работи за изградба на втората фаза на фекална канализација во населеното место Гоце Делчев. Во втората фаза се опфатени улиците 203, 202 и дел од улица 200. Инвестицијата е вредна 10.603.377 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба, информираше преку Фејсбук објава, Бобан Стефковски граодначалникот на општина Гази Баба.

Тој напиша дека се инвестира во секое населено место.

– Гази Баба се гради и менува. Ова е само почеток, следуваат години на развој и напредок насекаде низ нашата Гази Баба, додава Стефковски во својот Фејсбук статус.

Коронавирус