среда, 25. мај 2022. Вести денес: 131
home Скопје

Стефковски: Детска атлетика за прв пат во Гази Баба

Стефковски: Детска атлетика за прв пат во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на настан за детска атлетика кој се оддржа во дворот на ООУ „Григор Прличев“ во населба Железара.

Настанот е во заедничка организација на општина Гази Баба и Атлетската федерација на Македонија.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

Детска атлетика за прв пат во Гази Баба.

Денес во дворот на ООУ Григор Прличев во Железара општина Гази Баба во соработка со Атлетската федерација на Македонија го организираше првиот настан за детска атлетика.

За прв пат во општина Гази Баба се оддржува настан од категорија детска атлетика.

Изминатиот период оддржавме неколку средби со Атлетската федерација на Македонија на која разговаравме за повеќе заеднички проекти помеѓу кој е и денешниот реализиран настан.

Следната година како градоначалник ќе иницирам да Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба во соработка со Атлетската федерација на Македонија реализира проект за детска атлетика во секое основно училиште на нашата територија,  напиша Стефковски.

Коронавирус