четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Станарите од опожарената зграда во Кисела Вода револтирани: „Ова ли е најавената помош“ (ФОТО)

Станарите од опожарената зграда во Кисела Вода револтирани: „Ова ли е најавената помош“ (ФОТО)

Со ваква помош со години нема да можеме да ги исчистиме и средиме становите, коментираат жителите на зградата во која во понеделникот избувна пожар на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода.

До нашата редакција станарите ја пратија оваа фотографија со коментар дека денес биле испратени неколку комунални работници да помогнат, а кои со нив носеле една канта за отпадоци и неколку лопати.

Станарите од влезот, објаснуваат дека дополнително било организирано на работниците да им се купат заштитни маски за да може да влезат и најпрво да започнат со чистење на ходникот на катот каде избувна пожарот.

Револтирано додаваат дека нивни претставници се на состанокот во Општина Кисела Вода за да дознаат каква конкретна помош ќе добијат, бидејќи како што велат тие, досега никој не дошол на терен да види што точно им е потребно и од каде да започне санацијата.

Побаравме одговор и од Општината, од каде велат дека обезбедиле привремено сместување за едно лице, како и дека на терен бил испратен камион со комунални работници кои ќе им помогнат на станарите во отстранување на шутот.

Станарите очекуваат помош како од Општината, така и од Град Скопје, но и од сите компаниите кои може да им излезат во пресрет бидејќи, велат, се работи за огромна штета.

Во меѓувреме, два од три влеза во зградата остануваат без електрична енергија.