сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 94
home Скопје

Срцев удар најверојатно е причината за смртта на жирафата во ЗОО Скопје

Срцев удар најверојатно е причината за смртта на жирафата во ЗОО Скопје

Срцев удар најверојатно била причината за угинувањето на жирафата Тобого, која во Зоолошка градина  во Скопје живееше од  5-ти ноември 2013 година.

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, вели Ѓорѓи Галетановски, Директор на Зоолошката градина.

Според него, пред да настапи смртта, животното не давало никакви знаци дека нешто не е во ред. Се хранело нормално и немало намален апетит.

Телото на Тобого ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина.

Инаку жирафата Тобого беше родена во Франкфурт на 9-ти декември 2010 година.

Коронавирус