недела, 21. јули 2019. Вести денес: 44
home Скопје

Според Шилегов на ГТЦ му беше потребна автобуска станица, но не и тоалет

Според Шилегов на ГТЦ му беше потребна автобуска станица, но не и тоалет

Пред неколку дена на емисија на 1ТВ гостуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов при што одговараше на прашањата на граѓаните.

-Како срце не го боли за ГТЦ кога го гледа каков е, за сите оние ветувања кои што се кажуваа пред изборите дека ГТЦ ќе биде ваков, ќе биде онаков, го гушкаа заедно трговски. Дали градоначалникот еднаш има прошетано низ трговски, и дали некогаш кога бил во трговски ако бил освен во кафана или било каде, дали некогаш имал потреба да оди во тоалет бидејќи ние во трговски немаме јавен тоалет, тоа беше само еден дел од прашањето кое го постави една од граѓаните на емисијата на 1ТВ на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов образложи дека ГТЦ како правен субјект е посебен правен субјект што не е под Град Скопје.

-Како претпријатие како акционерско друштво, и директор што го споменаа е да тука е суштината од кај да почне човекот. Она што Градот го прави за ГТЦ, а не ни е да речам наша надлежност бидејќи тоа не е Град Скопје претпријатие, тоа е државно претпријатие . Па дури нели викаа зошто сум ја отворил автобуската станица, значи, ја отворивме повторно автобуската станица долу во ГТЦ и тој дел го уредивме со прекрасни графити, една галерија таму. Ама другото не е работа на Градот.

-ГТЦ е симбол на градот, како и да е, она што јас го зборувам е на почеток веднаш дадовме налог да се отвори автобуската станица, го уредивме тој простор, градски ја асфалтиравме таа улица бидејќи беше во катастрофална состојба и информациите што ги имаме дека тоа приземје што беше мртвило полека, полека се отвораат дуќаните кои што таму ги имаат луѓето. А, од друга страна завршена постапката за зелен кров на ГТЦ. Проект кој што Градот Скопје го работи заедно со UNDP и очекувам пролетва дека ќе биде завршено и во текот на летото првиот зелен кров во Град Скопје ќе биде токму на ГТЦ, појасни Шилегов.

Но на 29 септември 2017 година Шилегов велеше сосема спротивно од тоа што го образложи во емисијата.

„Затоа и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го оставиме отворен за сите. ГТЦ бил изграден за да биде отворен, таков и ќе го направиме. Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години. Ќе се создава нов јавен градски простор со содржини кои ќе ги вратат луѓето во ГТЦ, задолжителен пристап со лифтови до кровот, со што ќе им се помогне на дуќанџиите да ги вратат муштериите“.

На градоначалникот на Град Скопје сепак најдобро од рака му оди префрлување на одговорност на друго лице, при тоа заборавајќи што има ветено пред изборите за да стане градоначалник на градот.