вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Скопје

Спасовска, Трпева и Талески со настапи на „Три круши 2018”

Спасовска, Трпева и Талески со настапи на „Три круши 2018”

Продолжува културното лето на општина Кисела Вода „Три круши 2018.

Утре, петок, 13.07.2018, со почеток во 20 часот, на локалитетот Три круши во селото Драчево, концерт ќе одржи Искра Трпева.

Во сабота 14.07.2018, во истиот термин, 20 часот, и на истата локација, концерт ќе одржи Сузана Спасовска, а свој настап ќе има и Мишко Талески.

Кисела Вода ги поканува граѓаните да бидат дел од  „Три круши 2018”! Влезот за сите случувања во рамки на културното лето е бесплатен.