недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 23
home Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гази Баба: Нема да го поддржиме расфрлањето со народни пари на Георгиевски и кратењето на средства за фекална и атмосферска мрежа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гази Баба: Нема да го поддржиме расфрлањето со народни пари на Георгиевски и кратењето на средства за фекална и атмосферска мрежа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија” денес одржа прес конференција на која истакна дека градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски цели три години нема отпочнато ниту еден капитален проект или проект кој би го олеснил секојдневното функционирање на граѓаните на општина Гази Баба.

Советничката група потенцираше дека ветената фекална и атмосферска мрежа во населените места Црешево, Смилковци, Виниче, Булачани, Раштак, Јурумлери, Гоце Делчев, Булачани, Ергеле, Колонија, Идризово и Дрмо не само што не е реализирана, туку не е ни отпочната, а граѓаните чекаат проектите да се реализираат и да добијат фекална канализација.

Покрај манипулацијата во однос на фекалната мрежа, не се отпочнати ниту ветените градинки во населеното место Керамидница, Инџиково и Сингелиќ. Потенцираа дека го нема ниту ветениот спортски центар помеѓу Смилковци и Црешево, кој во повеќе наврати им бил ветен на младите од овие населени места. Покрај ваквите проекти, населените места Булачани и Раштак немаат ниту чиста вода за пиење, со што уште еднаш се покажува неработењето на градоналникот.

Иако градоначалникот Георгиевски при секоја посета ветувал брда и планини, советничката група вели дека со новиот ребаланс на буџетот, Георгиевски крати од средствата кои биле пред видени за фекална и атмосферска мрежа во неколку населени места, додека пак префрла голема сума на средства во според него развојни проекти.

Советничката група додаде дека ќе поддржи ребаланс на буџетот за регулирање на платите во градинките, платите на јавните претпријатија, обезбедувањето на компјутери во основните училишта, изградба на нови спортски сали, како и за подобрување на патната инфраструктура во Автокоманда, но никако нема да поддржат расфрлање со народни пари во нереални проекти и кратење од фекална и атмосферска мрежа, која ќе придонесе за секојдневни потешкотии за населението.

Коронавирус