среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 81
home Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски заслепен од тесно партиските интереси ја доведе општина Гази Баба во тотален хаос

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски заслепен од тесно партиските интереси ја доведе општина Гази Баба во тотален хаос

Советниците од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе поддржат проекти кои се во интерес на граѓаните и со кои ќе се подобри нивнотот секојдневно живеење. За жал, мора да констатираме дека во моментов општина Гази Баба е заробена од тесно-партиските и бизнис интереси на СДСМ и Борче Георгиевски.

Ова во изјава за Курир го истакнуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Гази Баба.

-Во општината Гази Баба се спроведува самовластие, незаконско работење, злоупотреба на службената положба и владее тотален хаос. Според информации кои ги добиваме од медиумите, во општина Гази Баба не се почитуваат ниту законите, ниту процедурите односно се гради без одобренија, се урива без согласности и строго запазени процедури и уште многу други неправилности кои “под рака“ ги спроведува градоначалникот Борче Георгиевски, велат тие.

Советниците кои ги контактиравме, за таа цел побарале и писмени извештаи за урбанистичкиот хаос што се случува во Гази Баба.

-Граѓаните на општина Гази Баба имаат потреба од реализација на низата ветени проекти со кои ќе се решат нивните секојдневни потреби: водоводни и канализациони системи, училишта, градинки, асфалтирање на улици, решавање на сообраќајниот хаос, превземање на сериозни мерки против загадувањето на воздухот итн… Најнеспособниот градоначалник Борче Георгиевски треба да ги засука ракавите и да ги решава проблемите на граѓаните, наместо да се занимава со тесно партиски и бизнис интереси, порачуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

Коронавирус