сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Скопје

Советници од Град Скопје: Дарежливоста на Петре скапо ги чини скопјани

Советници од Град Скопје: Дарежливоста на Петре скапо ги чини скопјани

Да не знаевме со кого скопјани си имаат работа, ќе речевме “аферим” честит Петре, ама за жал реалноста е друга. Разликата која ќе ја донираш е сто пати помала од сумата која само братучедот на Рашкоски ја доби од тендер на скопска Дрисла, доделен од братучедот на сопругата на Рашкоски, реагираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје.

-Од џебот на едниот братучед, во џебот на другиот братучед. Но сепак охрабрува иницијативноста, и го повикуваме Петре Шилегов сумата од Дрисла наместо кај братучедот на Рашкоски да оди во фондот за борба против корона пандемијата. Ако ова се многу пари, ќе потсетиме дека ова е зрно, од купот од 120 милиони евра колку украде Владата на “честит Петре” за првите три месеци, или секое семејство го ново задолжиле за 15 илјади денари. Со други зборови, ова е зрно од парите кои ги крадете секој ден. Тие пари треба да ги донирате. П.С Дарежливоста на Петре скапо ги чини скопјани. Една нова година не славеше и беше донатор на клиника. Следната веќе пет пати наплати со скапа прослава за Нова Година, порачуваат советниците.

Коронавирус