среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Советници на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Заминувањето на Малиќи е болна загуби за граѓаните на Скопје

Советници на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Заминувањето на Малиќи е болна загуби за граѓаните на Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува искрено жалење и сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи, татко, сопруг, колега, советник, заменик градоначалник на Скопје, стопанственик и конзул.

-Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надеваме дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на споменот и делото што зад себе го остави Енвер Малиќи. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје изразува искрено и длабоко сочувство до Вас, до неговото најблиско семејство, до колегите, до пријателите, соработниците во Градот Скопје, до сопартијците и граѓаните на Скопје. Заминувањето од овој свет на заменик градоначалникот Енвер Малиќи е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Скопје, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него. Почивај во мир почитуван, се вели во телеграмата со сочувство.

Коронавирус