вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје: Имаме основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч, уништувани се и документи

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје: Имаме основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч, уништувани се и документи

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч.

-Од увидот кој го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва. Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ, велат во соопштението од советничката група.

Од таму додаваат дека субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација.

-Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот? Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Дополнително во бараките на град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираа, потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија