недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани. Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во Светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето. Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Од советничката група потенцираат дека јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1000 партиски војници на терет на скопјани.

-Не отпочна ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот св „Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на Словенечка, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и неоствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и неоствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и неоствари ботаничка градина во Карпош, посочуваат од советничката група и подвлекуваат:

„Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта. Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.“