среда, 19. декември 2018. Вести денес: 123
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба: Георгиевски се спротивставува на волјата на граѓаните

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба: Георгиевски се спротивставува на волјата на граѓаните

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски се спротивставува на волјата на граѓаните на општина Гази Баба, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

-Имено, на 23.09.2018 година на територија на општина Гази Баба се оддржаа избори за Совети на месни и урбани заедници на кој граѓаните на општина Гази Баба масовно излегоа и избраа Совети. Советот на општина Гази Баба на последната седница донесе Одлука со кој го верификуваше мандатот на Советите на урбаните и месните заедници Железара, Автокоманда, Керамидница, Јане Сандански, Хиподром, Маџари 1, Маџари 2, Кирил Петрушевски,Питу Гули, Инџиково, Црешево, Смилковци, Булачани, Раштак,Виниче, Стајковци, Алија Авдовиќ, Гоце Делчев, Колонија и Идризово. Изборите во урбаните и месни заедници Триангла, Крсте Мисирков, Јурумлери и Трубарево ги поништи поради нерегуларности и неисполнет цензус. Градоначалникот Георгиевски одлучи со решение да го запре објавувањето на овие две одлуки на Советот и јасно да се спротистави на волјата на граѓаните на општина Гази Баба со едноставна причина дека избраните граѓани за членови на Советите на урбаните и месните заедници не биле припадници на политичката партија од која тој потекнува. Ја известуваме јавноста и граѓаните на општина Гази Баба дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Гази Баба нема да дозволи да не биде почитувана волјата на граѓаните и на наредната седница на Советот на општина ГазиБаба ќе ги потврди одлуките за верификување на мандатите на Советите на урбаните и месните заедници на територија на Општина Гази Баба, порачуваат од советничката група.