понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 124
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва во Скопје не се дише, Шилегов оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на градот

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва во Скопје не се дише, Шилегов оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на градот

На неспобноста на власта на СДСМ, Заев и Шилегов и нема крај. Не само што се неспобни да се справат се корона пандемијата, не се способни да се справат и со загадениот воздух, реагира Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Скопје и понатаму руши рекорди по загадениот воздух, а ниту Шилегов ниту на било кој од власта не му е важно тоа. Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина. Шилегов да си даде оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на Скопје. Пред само половина час во Ново Лисиче се измерени над 400 ПМ10 честички на метар кубен, а нивото на ПМ10 честички е над дозволено и во останати градови ширум целата држава, велат тие.

„На граѓаните им е доста од празните флоскули и неработата на оваа неспобна влада. Нивното неработење граѓаните го плаќаат со своето здравје. За ова следи одговорност“ – посочуваат советниците.

 

Коронавирус