среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 20
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка

Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој она што го направи е избега од Скопје во Маврово  и не беше под карантин, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.

-Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб што пак повлекува и кривична одговорност. Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка, велат тие.

Советниците потенцираат дека што се однесува до денес промовираниот кружен тек треба да одговори зошто истиот е преплатен.

-На пример кружниот тек во Влае кој го изгради претходникот на Петре Шилегов чинеше 50 милиони денари, а дијаметарот е 40 метри,  13 канделабри, со опфатено проширување на Партизански одреди. А денес Шилегов промовираше кружен тек кој е 4 пати помал а чини 20 милиони денари. Разликата отиде во нечиј џеб, во кој треба да одговори Шилегов, порачуваат тие.

Локални избори 2021