петок, 5. март 2021. Вести денес: 142
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не мрдна со прст за решавање на аерозагадувањето, запрепастувачки фотографии – Скопје се гуши

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не мрдна со прст за решавање на аерозагадувањето, запрепастувачки фотографии – Скопје се гуши

Скопје се гуши, утро 24 јануари 2021 година. Шилегов ветуваше чист воздух за сите, епилогот низ фотографии покажува дека Скопје се труе, велат преку соопштение од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

За цели три години мандат скопскиот градоначалник не мрдна со прст за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Пред изборите ветуваше чист воздух за сите. Три години потоа резултатите се запрепастувачки лоши. Нема ниту еден проект за решавање на горливиот проблем, а неговите чекори се фасадерски и несуштински.

Скопје цели три години е оставено без капитални проекти и тапка во место. Градоначалникот лажго го загрозува здравјето на скопјани, се вели во соопштението.

Коронавирус