сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов крати од капитални проекти, зголемува паушали на одборите, и обезбедува нови 180 партиски вработувања

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов крати од капитални проекти, зголемува паушали на одборите, и обезбедува нови 180 партиски вработувања

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ја информира јавноста за неколку скандалозни одлуки предложени на 40-сетата седница на Советот на Град Скопје:

1. Шилегов предлага измена на распоредот на средства во Буџетот на Град Скопје со кој се кратат пари од клучни проекти за скопјани, наместо да се крати од купување на службени автомобили и други услужни добра. Имено Градот Скопје и Шилегов кратат 42 милиони денари од ставката реконструкции на улици и патишта, а дури 17.6 милиони денари од ставката капитални инвестиции, изградба на улици и булевари. Втора година по ред Петре Шилегов нема започнато изградба на нов булевар. Исто се кртат средства и од јавно осветлување на улични и јавни површини за 10 милиони денари.

2. Продолжува трендот на преполнување на јавните претпријатија со нови партиски вработувања на товар на граѓаните. Па така Шилегов заборавајќи на ветувањата за мала и ефикасна администрација, носи одлука за 170 нови вработувања во ЈСП до крајот на годината и 11 нови вработувања од КИЦ.

3.Извештајот на работа на Јавното Претпријатие за Водовод и канализациja во првите 6 месеци од годината предложено на седницата на Советот покажува зголемување на непродуктивните трошоци и сомнежи за злоупотреба на средствата на граѓаните.

-ЈП Водовод и Канализација донело одлука за зголемување на паушалите на членовите на Надзорен и Управен одбор на претпријатието за цели 42 проценти споредено со истиот период лани.

-За 5 пати претпријатието ги има зголемено трошоците за репрезентација.

-Во првите 6 месеци ЈП Водовод и канализација и директорот Душко Весовски ги зголемил за два ипол пати трошоците за рекламирање на претпријатието, и тоа споредено со лани од 630 илјади денари на 1.3 милион денари. За ставката истражување и развој лани во истиот период претпријатието потрошило 10 илјади денари, а во овој 6 месечен период цели 2.3 милиони денари.

– Директорот на Водовод и канализација нема одговор на кој се адвокати се исплатени над 800 илјади евра за извршени услуги.

4. Воедно градот Скопје и Шилегов ја продолжуваат праксата на полнење на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија со партиски активисти и членови. Во таа насока предлозите за именувања на нови членови се даваат без потврда за професионалното портфолио на новите членовите и гаранција дека ги исполнуваат законските услови. Евидентно е дека пополнувањето на тие места е по партиски, а не професионални заслуги. Па така Шилегов за надзорниот одбор на МКЦ предлага лице кое било финансиер на СДСМ на последните парламентарни избори и е ревносен партиски активист на партијата на власт.

Со секој изминат ден Шилегов ја покажува својата неработа, незнаење и неспособност.
2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа.

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во Град Скопје