четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 235
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со три нови џипа кога целата држава е во криза и луѓе остануваат без работа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со три нови џипа кога целата држава е во криза и луѓе остануваат без работа

Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла, Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила. Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор, се вели во соопштението на советничката група од ВМРО ДПМНЕ.

-Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата. Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски. Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов.“

Парламентарни избори 2020