петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Новиот градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов, 4 години помина во лажни ветувања и нула резултати

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Новиот градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов, 4 години помина во лажни ветувања и нула резултати

Мрзливиот Шилегов 4 години помина во убави лаги и ветувања кои не ги реализира, реагираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Ветувањето за нов градски превоз е нова лага на мрзливиот Шилегов. Четири години помина во лажни ветувања и нула резултати.

Трамвајот на тркала кој го ветува Шилегов не е обмислен проект и единствено го користи за предизборен маркетинг. Дополнително нема никаква студија за компатибилност со градскиот сообраќај како и можности за посебна инфраструктура.

Шилегов не успеа да си го оствари ветувањето за подземни контињери, а не пак да прави трамвај на тркала. Човекот потроши повеќе време за лажење од тоа што троши за работа, се вели во реакцијата на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус