понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 136
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов скапо ги чини скопјани, освен Ковид-19 постои и наезда на лебарки

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов скапо ги чини скопјани, освен Ковид-19 постои и наезда на лебарки

Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки. Тоа е така затоа што градот Скопје не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски. Овие фази се целосно прескокнати и пропуштени поради тоа што Скопјани освен со корона се соочуваат со наезда на лебарки, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Таа наезда е последица на неработата на градот Скопје. Вонредна состојба, пандемија, многу ѓубре по контејнери, оставена храна во затворени објекти кои не работат, бујна вегетација неискосена, запушени канали, сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести. Потребна е стратегија на град Скопје и општините со министерство за здравство. Паради не се потребни, треба сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести. Ѓубре, диви депонии, бубашваби. Неспособноста на Шилегов освен Ковид-19 носи и други заразни болести со вакво недомаќинско работење, велат од партијата.

Коронавирус