четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 164
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Поминаа 100 дена од мандатот на Георгиевски, а тој се уште нема реализирано ниту еден проект од животот кој им го ветуваше на граѓаните

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Поминаа 100 дена од мандатот на Георгиевски, а тој се уште нема реализирано ниту еден проект од животот кој им го ветуваше на граѓаните

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ја манипулира јавноста и жителите на населено место Јурумлери, истакна Тони Бојковски, советник во Советот на општина Гази Баба.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија не е против да се изгради фекална канализација во Јурумлери како што е потребно да се изгради фекална канализација и во сите оснатани населени места во кои нема. ВМРО-ДПМНЕ во минатото владееше со Општина Гази Баба. Во нашиот мандат беше изградена атмосферка и фекална канализација во должина од 80 километри единствено со средства на Општина Гази Баба, Град Скопје и Владата на Република Македонија, сите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Се изгради комплетна канализација во Инџиково, Питу Гули, Кадриово маало, Економија, Синглиќ, Стајковци, а се започна со изградба на канализација и во Црешево и Хиподром 2. Се изгради и фекална канализација за жителите на Товарник како и за жителите на улица Палмиро Тољати во населба Ченто. За сите овие активности ВМРО-ДПМНЕ не ја задолжи Општина Гази Баба со ниту еден денар кредит, истакна Бојковски и додаде:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија во Општина Гази Баба ниту во еден момент не го блокира Советот на Општина Гази Баба туку напротив дава поддршка на сите проекти за доброто на жителите на Општина Гази Баба. Го прашуваме Градоначалникот Георгиевски зошто за наведениот проект не обезбеди финансиска поддршка од централната Власт и Градот Скопје како што тоа беше пример во минатото кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ? Зошто за реализација на само еден проект сака максимално да ја задолжи Општина Гази Баба преку земање на кредит со максимален износ на задолжување?“.

Го повикуваме, подвлече Бојковски, градоначалникот Борис Георгиевски да започне со работа и со реализација на ветувањата дадени пред жителите на Општина Гази Баба.

-Поминаа 100 дена од неговиот мандат а тој се уште нема реализирано ниту еден проект од животот кој му го ветуваа на граѓаните на Општина Гази Баба. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија секогаш ќе дава поддршка на сите проекти кои носат добро на жителите на Општина Гази Баба бидејќи граѓаните на последните избори ни ја дадоа довербата да го предводиме Советот на Општина Гази Баба и ние тоа ќе го исполниме.

Коронавирус