понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 154
home Скопје

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Чаир: Наместо да ги исполни ветувањата, Шилегов во Чаир се занимава само со гребење на површинскиот асфалт

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ Чаир: Наместо да ги исполни ветувањата, Шилегов во Чаир се занимава само со гребење на површинскиот асфалт

Чаир и чаирчани уште еднаш се само простор за експеримент,а секако тука се присутни и постојаната манипулација и давање само лажна надеж дека живото во Чаир ќе биде подобрат страна на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и СДСМ, ова денеска преку реакција го истакнуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Чаир.

-Координаторот на Советничката група Ѓоко Велковски запраша: Имено со реконструкција на улицата Ферид Мурати во Топанско поле од страна на градот Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов, беше изграден кружен тек кои со своите пропорции и димензии ниту наликува на такво нешто ниту ја објавува функцијата за која е наменет. Чаирчани имаат неколку прашања до Градоначалникот на Град Скопје и тоа:

-Кои се минимум стандардите и минимум пропорциите за изградба на кружен тек согласно закон?

-Како може на улица која ниту има потреба, а најмалку соодветен простор да се изгради еден ваков кружен тек?

-Дали оваа градежна ситуација е предвидена во проектот на постоечката улица Ферид Мурати?

-Дали оваа градежната ситуација е предвидена во техничката спецификација на постапката за јавна набавка која ја опфаќа реконстуркцијата на улицата Ферид Мурати?

-Дали истата е заведена во пропратната градежна ситуација и градежен дневник од фирмаа која ја изведуваше градежната ситуација на оваа улица?, прашуваат од Советничката група.

Велковски од Советничката група додава дека со ваков еден експеримент, најпрво е предизвикано загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, поради својата неправилност и несоодветна намена, исто така ја загрозува и безбедноста на пешаците во овој дел на Чаир. Почитувани, наместо да ги исполнат ветувањата од својата изборна програма, градоначалникот на Град Скопје во Општина Чаир се занимава само со гребење на површинскиот асфалт на неколку улици и изградба на чудни сообраќајни решенија. Чаирчани имаат секојдневни проблеми со сообраќајниот хаос во оваа општина, во секој дел од денот има постојан сообраќаен хаос на улица Цветан Димов, Џон Кенеди, булевар Никола Карев (познатата пластичарска), Македонско Косовска Бригада и други помали или поголеми сообраќајници во оваа општина. Ова се реалните проблеми на Чаирчани и неможноста во секое време да се движат со леснотија низ својата општина. Исто така да потсетиме дека неисполнето ветување се и паркинзите во Општина Чаир (Чаирчанка и Џон Кенеди), кои се секојдневен проблем и главоболка на граѓаните кои живеат во овој дел од градот Скопје. Овие граѓани мака мачат секој ден за да го испаркираат своето возило, потенцираат од Советничката група.

Велковски заклучи дека лажните ветувањата дадени во вашата програма “Живот во Скопје за сите“ со кои ги добивте гласовите во Општина Чаир мора да завршат, чаирчани мора да добијат она за кое го дале својот глас. Граѓаните видоа дека нема да ги добијат ветените проекти од ваша страна, затоа најпрво ќе добиете опомена на следните предвремени парламентарни избори, а на следните локални избори и тежок пораз.

Коронавирус