понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 101
home Скопје

Сообраќајни училишни единици во седум школи во Скопје

Сообраќајни училишни единици во седум школи во Скопје

Седум основни училишта во Скопје од денеска ќе започнат со реализација на Проектот Сообраќајни училишни единици во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што појаснија организаторите, овој Проект е во функција на зголемување на безбедноста во соообраќајот.

Одделението за превенција при СВР Скопје, Општина Центар покрај реализацијата на многубројните инфраструктурни проекти наменети за пешаците, велосиопедистите и возачите на моторните возила, а со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на учениците во основните училишта,  донесе одлука за формирање односно организирање на училишни сообраќајни единици во рамки на сите седум основните училишта наподрачјето на општината, се истакнува во соопштението на организаторите.

loading...