недела, 9. август 2020. Вести денес: 72
home Скопје

Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала

Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала

На 6 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје.

Ова е повикот на јавниот настан креиран на Фејсбук, а кој доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација.

Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат  физичката дистанца и носат заштитни маски.

По бурните реакции на социјалните мрежи од страна на граѓаните кои се противат на ваквиот предлог, Универзална сала да се сруши, се огласија и бројни македонски музичари и пејачи кои децидно сметаат дека местото на Универзална, која е симбол на Скопје, треба да остане исто, но истата да биде реновирана.

Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.

Коронавирус